Директор на училиште префрлал пари на вработените па им ги барал назад

by Фокус

Директорот на основното училиште „Рилиндија“ од тетовско Селце правел финансиски малверзации така што кај дел од вработените префрлал пари од сметката на училиштето, а потоа под изговор дека била направена грешка, барал вработените да ги извaдат парите и во готово да му ги дадат, информира „Транспаренски интернешнл – Македонија“ (ТИ-М)

Пријавувачот и сам бил жртва на ваквите постапки и затоа побарал да биде анонимен.

„Транспаренси“ веднаш упатиле пријава до тетовското обвинителство, од каде пријавата била препратена до Финансиската полиција, која пак, деновиве ја известила невладината дека постапила по  претставка и поднела кривични пријави против директорот на училиштето и против лицето претседател на Советот на училиштето, за помагање.

„Во вториот случај од мај годинава станува збор за пријава до ТИ-М дека при вработување преку конкурс во Националната установа Завод и Музеј – Струмица, е примено лице кое е син на директорот на Музејот, кој пак го вршел и изборот на кандидатот. ТИ М првин со барање за пристап до информации ја потврди информацијата од установата, а потоа упати претставка до Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), која откако го проверила случајот и констатирала дека се прекршени Законот за спречување на судир на интереси и Законот за спречување на корупцијата, поради што нѐ извести дека во рамки на надлежноста ДКСК упатила иницијатива до Министерството за култура за разрешување на директорот на Завод и Музеј – Струмица“, информираат од невладината со која раководи поранешната антикорупционерка Слаѓана Тасева.

Поврзани новости