66
Владата одлучи на следната седница да се донесе одлука во врска со кадровското решение во Центарот за управување со кризи, наведува владината прес служба во соопштение за одлуките од денешната 12. владина седница.
Стојанче Ангелов, претседател на Достоинство и директор на ЦУК, претходно денеска изјави дека доколку Владата и техничкиот премиер Талат Џафери го разрешат, тој без противење ќе ја прифати одлуката.
Најавата на Џафери дека ќе побара разрешување на Ангелов следуваше откако тој обелодени дека излегува од коалиција со СДСМ и најави дека за претстојните избори ќе коалицира со ВМРО-ДПМНЕ.