Францускиот претседател Емануел Макрон утре ќе ѝ се обрати на нацијата, два дена откако неговата влада тесно го преживеа гласањето за доверба поради многу непопуларните пензиски реформи, објавија француските медиуми.
Макрон ќе зборува во среда во 11 часот, за време на интервју за каналите TF1 и France 2, објавија денеска радиото Франс Инфо и ТВ БФМ.
Десетици луѓе беа уапсени ширум Франција, откако избија спорадични протести неколку часа откако владата на претседателот Емануел Макрон едвај го преживеа гласањето за доверба во парламентот вчера поради длабоко непопуларната пензиска реформа.
Неуспехот за изгласувањето недоверба е олеснување за Макрон. Да успееше, ќе ја потонеше неговата влада и законот со кој се зголемува старосната граница за пензионирање за две години, на 64 години.