Владата на Гостивар му одобри 2,7 милиони евра од парите за општините

by Fokus

Владата одлучи да додели 162 милиони денари или речиси 2,7 милиони евра за вкупно 13 проекти, во рамки на повикот „100 милиони евра за општините“, информираше Општина Гостивар на својата официјална интернет страница.

Проектите со кои аплицираше и ги доби локалната самоуправа на Гостивар се од областа на животната средина, патната инфраструктура, транспортот, образованието, спортот, грижата за децата итн.

„Ова е целосната листа на проекти кои се одобрени:

Реконструкција на булеварот Браќа Ѓиноски

Изградба на шеталиште на улица Борче Јовановски

Реконструкција на главниот пат во с. Здуње

Реконструкција на патот од гимназијата до с. Бањица

Реконструкција на локалниот пат во село Балиндол

Реконструкција на патот од Фондот за здравство до Кеј Вардар

Реконструкција на улица Иво лола Рибар до улица Беличица

Реконструкција на коловозот околу автобуската станица

Реконструкција на улица Мара Угринова паралелна со железничката станица

Реконструкција на улицата Никола Тесла од гимназијата до населбата Дутлок

Реконструкција на патот Никола Тесла до медициско училиште

Реконструкција на улица Мара Угринова до улица Беличица

Реконструкција на пат 13

Со овие проекти општина Гостивар ветува дека животот на граѓаните значително ќе се подобри и овие инвестиции се успешна приказна за нашата општина, бидејќи првпат има толку многу проекти кои ќе се реализираат за кратко време. додека нивната реализација започнува веднаш штом парите се на сметката на општината.“, стои во општинското известување.

О.К.

Поврзани новости