Владата на ДУИ во 2023 година дала 7 милиони евра тендери на својот партиски донатор Еуровиа, велат од ВМРО-ДПМНЕ

by Fokus

ДУИ ги гледа институциите како алатка за тендери, кои редовно ги добиваат нивни блиски фирми, а парите неретко завршуваат и во самата партија, обвини ВМРО-ДПМНЕ.

„Ден 239 од 2023 година, Бујар Османи од ДУИ, преку МНР и дава тендер од 1.8 милиони евра на Еуровиа донатор на ДУИ.

Во јуни месец 2023 година, Ејуп Рустеми од ДУИ како директор на Јавното претпријатие за државни патишта и дава тендер на истата Еуровиа, донатор на ДУИ од 1.9 милиони евра, за чистење канавки и кресање банкини по автопат.

За ДУИ работи и СДС. Спасовски на истата Еуровиа и дал тендер од над 2 милиони евра за изградба на полициска станица во Аеродром. Спасовски го следи и Шукова, која преку министерството за животна средина на Еуровиа и дала над 1 милион евра за регулација на одводен канал во Арачиново.

За само една година, само во 2023 година од институциите со кои раководи ДУИ и СДС донаторот на ДУИ добил скоро 7 милиони евра тендери. Од Еуровиа во ДУИ, од ДУИ преку институциите за Еуровиа. Смрди на криминал и корупција. Никогаш не било полошо. Важно е да ги поразиме“ порачаа од опозициската патија.

Поврзани новости