Владата му предложи на Уставен да не ја прифаќа иницијативата на адвокатот на Груевски

by fokus

На 95-та седница, Владата донесе одлука да му предложи на Уставниот суд да не ја прифати иницијативата поднесена од Еленко Миланов од Скопје, доставена до Уставниот суд на Република Македонија под У.бр.106/2018, за поведување на постапка за оценување на уставноста на член 196 од Законот за изменување и дополнување на Кривичниот законик („Службен весник на Република Македонија“ бр.19/2004) и член 100 став 2 од Законот за изменување и дополнување на Кривичниот законик („Службен весник на Република Македонија“ бр.114/2009).

-Владата му предложи на Уставниот суд да не ја прифати иницијативата, со цел да се оневозможи избегнување одговорност за сторени кривични дела од страна на високи функционери за кои се води постапка од страна на Специјалното јавно обвинителство, соопштија од Владата.

Поврзани новости