532
Иако Делегацијата на ЕУ во земјава недвосмислено застана против европското знаменце на законските измени поврзани со изградбата на коридорите кои ќе ги гради „Бехтел и Енка“, денеска Владата истите, со ЕУ знаменце, ги достави до Собранието.
Во среда на пленарна седница, пратениците ќе ја гласаат потребата од носењето на петте законски измени кои Владата ги испрати до нив во скратена постапка.
ЕУ во петокот реагираше дека европското знаменце не треба да се користи за скратување на јавните консултации или за решавање на процедуралните тешкотии во законодавниот дом.