Еврокомесарот Вархеји ја осуди Македонија бидејќи му забранила влез на Ковачев

by fokus

Еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји преку Твитер ја осуди Македонија и побара објаснување зошто не му дозволила на европратеникот Андреј Ковачев да влезе во државата.

-Го осудуваме одбивањето за влез на европратеникот Андреј Ковачев во Северна Македонија на 6-ти мај. Ја повикуваме владата на Северна Македонија итно да ја расчисти ситуацијата. Одбивањето влез на пратеник во Европскиот парламент е многу сериозна одлука, напиша Вархеји.

Претходно, осуда стигна и од лидерот на Европските народни партии во Европраламентот, Манфред Вебер.

– Категорично го осудуваме одбивањето на европратеникот Андреј Ковачев да влезе во Северна Македонија на 6 мај. Ова е без преседан и неприфатливо. Ја повикуваме владата на Северна Македонија итно да ја разјасни ситуацијата и ова прашање ќе го поставиме на пленарна седница попладнево, порача Вебер.

Поврзани новости