Титулата Национален уметник која што ја доделува претседателот Ѓорге Иванов ќе биде укината ако во Собранието помине предлог законот на Владата за престанување на важењето на Законот за националниот уметник на Република Македонија.
Се предлага Законот за националниот уметник да престане да важи. Имено, според Министерството за култура, Законот создавал нерамноправен третман помеѓу националните уметници и другите вработени во културата, кои имаат примања во многу помал износ од просечната плата во Република Македонија.
Титулата почна да се доделува од 2011 година согласно посебно донесениот закон. Секој носител на титулата доживотно секој месец добива 60.000 денари и има право да му се издаде монографија за неговото творештво од буџетот на државата.