Владата ќе испитува дали концесионерот ги исполнува условите за „Иловица“

by fokus

Владата на Република Северна Македонија на денешната 141 седница донесе одлука да го задолжи Министерството за економија да ја испита правната исполнетост на барањето за добивање дозвола за експлоатација на минерална суровина – бакар и злато, на ЕУРОМАКС РЕСОУРЦЕС ДОО Скопје, на локалитетот „Иловица“, Општина Босилово и Општина Ново Село, и доколку не се исполнети правно-формалните аспекти да го одбие барањето на концесионерот.

Владата го задолжи Министерството за економија, доколку се утврди дека не е исполнета правната обврска на барањето за добивање дозвола за експлоатација на минерална суровина – бакар и злато, на ЕУРОМАКС РЕСОУРЦЕС ДОО Скопје, на локалитетот „Иловица“, Општина Босилово и Општина Ново Село, еднострано да го раскине договорот за концесија со ЕУРОМАКС РЕСОУРЦЕС ДОО Скопје, на локалитетот „Иловица“, Општина Босилово и Општина Ново Село со број бр.24-4563/1.

Поврзани новости