Владата ќе гради нова зграда на Државниот архив, нема информација колку ќе чини

by fokus

Владата на Република Македонија на денешната седница ја разгледа и усвои информацијата за надминување на проблемот со канцелариски простор и депото на Државниот Архив, и по широките консултации и анализи на теренот, донесе предлог – решенија за решавање на ова прашање со изградба на нов објект за Државниот архив, соопштија од владината прес служба.

Владата го задолжи Државниот архив, до конечната реализација на ова решение, да спроведе постапка за санација за спречување на протекување на атмосферска вода во постоечкиот објект на кеј Димитар Влахов.

Нема информации за тоа колку ќе чини изградбата на новиот објект, но и санирањето на стариот.

Поврзани новости