Заев: Хан и Могерини доаѓаат на 18 април

by fokus 21:34
21:34

Високата претставничка за надворешна и безбедносна политика на ЕУ Федерика Могерини и еврокомесарот за проширување Јоханес Хан се очекува да ја посетат Македонија на 18 април, најави денеска премиерот Зоран Заев.

-Нашите очекувања се дека тоа ќе се случи после Извештајот што го очекуваме на 17 април. Веројатно тоа би било 18 април посетата овде, затоа што тогаш тука ќе се одржи Дигиталниот самит. Верувам дека 18 и 19 април ќе бидат датумите кога ќе биде посетата од комесарот Хан и од високата претставничка Могерини – рече премиерот Заев на новинарско прашање на заедничката прес-конференција со неговиот гостин колегата од Словенија Мирослав Церар.

- Advertisements -

 

Поврзани новости