Владата ќе го објави договорот со Бугарија пред да го потпише

by fokus

Договорот со Бугарија ќе биде објавен пред да биде потпишан и последен збор околу него ќе даде македонскиот Парламент, кој ќе треба да го ратификува, најави денеска премиерот Зоран Заев.

-Следи средба на министрите и на нивните кабинети кои треба да најдат решение за едно мало, техничко прашање што мора да го решиме за да имаме официјално заокружен дел. Некаде пред потпишувањето имаме намера да го објавиме договорот, да го отвориме за дебата, да го видат сите и дадат свои коментари. За мене тоа што ќе биде потпишано, надевајќи се дека тоа отворено прашање ќе биде решено, навистина отвара сериозни врати кон убави евроатлантски перспективи на Македонија, рече Заев.

Поврзани новости