532
Владата денеска донесе одлука да се покрене постапка која ќе обезбеди деблокирање на работата на АД Водостопанство во државна сопственост, чии вработени подолго време не зеле плата.
Како што информираа од Владата, со оваа одлука сакаат да се преземат сите неопходни мерки за наплата на побарувањата, навремено сервисирање на обврските и намалување на непродуктивните трошоци, како и да се обезбеди редовното работење на друштвото со извршување на сите обврски кон вработените.
Додека претпријатието се мачи да одвои средства за плати на вработените, медиумите објавија дека друштвото на чело со директорот Илми Селами издвоило над 400.000 евра за 15 службени возила, кои за 5 години ќе треба да бидат вратени.