Украинските параглајдеристи кои паднаа на Галичица се пренесени во охридската болница

by Фокус

Хелихоптер и припадници на македонската полиција учествувале во акцијата за спасување на двајца параглајдеристи од Украина, кои денес попладне паднале на планината Галичица од албанска страна.

Во договор со албанската полиција, екипа на специјалната полиција успеала да ги извлече параглајдеристите живи и да ги пренесе во Охрдиската болница Св. Еразмо.

Повеќе детали за овој настан се очекуваат во текот на утрешниот ден.

Поврзани новости