Владата ќе ги засилува инспекциските служби и ќе основа агенција за туризам

by Фокус

На предлог на Собранието на РМ, Владата на Република Македонија на денешната седница даде позитивно мислење за измени и дополнувања на законите за лекови и медицински помагала, за санитарни и здравствени инспекторати, за јавни набавки, за инспекциски надзор, за основање на Агенција за промоција и поддршка на туризмот, информираа од владата. Воедно, на Илинденска ја разгледале и информацијата за текот и активностите за проектите ХЕ Чебрен и ХЕ Галиште.

„Владата на Република Македонија ги задолжи Кабинетот на Заменик претседателот на Владата задолжен за економски прашања и координација со економските ресори, Кочо Анѓушев и Министерството за економија да формираат меѓу ресорска комисија со претставници од повеќе министерства и државни претпријатија да подготви препораки за понатамошни активности за продолжување на проектот“, стои во владиното соопштение.

Покрај тоа, министрите донеле заклучоци за кадровската екипираност на инспекциските служби со план за нивно доекипирање, го усвоиле текстот на предлог законот за изменување и дополнување на Законот за работни односи со кој се унапредуваат работничките права итн.

 

 

 

Поврзани новости