Владата ќе ги стипендира со 6.000 денари студиите за одделенски наставник

by fokus

На вчерашанта седница Владата донесе одлука за воведување нов тип стипендија за студенти за наставен кадар за основно образование. Овие студенти уште од првата година на студиите ќе добиваат стипендија во висина од 6.000 денари.

„Ги стимулираме најдобрите ученици за идна професија да ја изберат професијата одделенски наставник. Учениците кои добивале стипендија за талентирани ученици, доколку се запишат да студираат за одделенски наставник, од прва година на студии ќе добиваат стипендија од 6.000 денари“, напиша министерката за образование и наука, Рената Дескоска.

Покрај оваа мерка за унапредување на квалитетот на наставните кадри во основното образование, владата на предлог на МОН ги усвои Програмите за ученичкиот и студентскиот стандард за 2018 година и Програмата за научно-истражувачката дејност за оваа година, како и програмите за изградба и реконструкција на средни и основни училишта.

Поврзани новости