Владата на денешната 150-та седница ја разгледа и усвои информацијата за динамиката и финансиските средства за реализација на проектите за изградба на магистрални гасоводи на делниците Гостивар-Кичево и Свети Николе-Велес.
Министерството за финансии во соработка со МЕР АД Скопје, согласно владината одлука, треба да се обратат до меѓународни финансиски институции и билатерални кредитори со барање за обезбедување на средства во вид на заем обезбеден со државна гаранција за финансирање на проектите за изградба на овие магистрални гасоводи.
Владата, во рамки на денешната седница, ја разгледа и усвои и информацијата за Програмата на економски реформи 2020-2022 година со Акциски план за реализација на препораките усвоени на Економско – финансискиот дијалог во мај 2019 година.