365
Владата планира да отвори Универзитет за национална безбедност, во чиј состав ќе влезат Воената академија и некои други факултети и институти, со цел да се придонесе за зголемување на безбедноста во земјава, најави денеска премиерот Никола Груевски.
– Со дополнителните заклучоци што ги даде Владата ќе им се даде дополнителна насока и правец да го продолжат и засилат своето работење во тој правец и штом ќе бидат готови документите треба да поминат на соодветни тела согласно законот, а потоа да дојдат и пред Владата и Парламентот за да се формира универзитет за национална безбедност – рече Груевски.