Владата ќе купува мебел во стилот на Луј XV

by Фокус

Владата за нејзиниот објект ќе набавува мебел во стилот од времето на Луј XV, измешан со она што било модерно во 30-тите години, како и перници со мемори-пена, пердуви, фотелји во боја на „кралско“ вино, рачно ткаени килими.

На страницата на Бирото за јавни набавки стои дека се бара канцелариски мебел, мебел за терасата, мебел за одмор и теписи. За оваа набавка ќе бидат потрошени вкупно 52.000 евра.

За реконструкцијата на објектот на Владата досега се потрошени  11 милиони евра. Десет од нив се потрошени за фасадата, а еден милион евра за терасата. Фасадата е во барок стил, а сега новиот мебел ќе биде во рококо стил.

 

Поврзани новости