Владата вчера на седница го усвои предлог-закон за дополнување на Законот за вработување, кој овозможува работодавачот, додека некој работник му замине на породлно отсуство, да има можност да ангажира негова замена, за која придонесите ги плаќа државата.
– За користење на оваа мерка, обврски на работодавачот е работникот за кој се користи ослободување да го распореди на истото работно место на кое работел работникот кој користи породилно отсуство и да му се исплаќа иста нето плата. Работодавачот е обврзан по истекот на породилното отсуство на работникот и негово враќање на работа, да го задржи истиот на работа уште најмалку за истиот период за којшто бил ослободен од плаќање придонеси од задолжително социјално осигурување и работодавачот од приватниот сектор за да ја користи мерката не смее да има неисплатени плати, придонеси од задолжително социјално осигурување и даноци повеќе од два последователни месеци – објасни вицепремиерот Владимир Пешевски.