433
Преговорите на работнатае група, составена од претставници на четирите најголеми политички партии, со посредство на белгискиот експерт продолжуваат и денеска.
Според неофицијалните информации, освен за активната регистрација на гласачи, партиите се блиску до решение и за составот на Државната изборна комисија.
Притоа, се предлага ДИК да има 9 члена и тоа 3 члена да предлага власта, 3 опозицијата, а тројца да бидат независни експерти.
Партиите се далеку од договор во однос на гласањето на дијаспората, како и до надлежностите и поставеноста на специјален јавен обвинител.