Министерството за економија предложи, а Владата на Република Македонија на денешната 67. седница ја усвои одлуката за времено укинување на увозната давачка-специфичната и царинската стапка по вредност за замрзнато свинско месо и други производи од свинско, соопшти владината прес-служба.
– Предлогот се однесува на временски период од шест месеци, а количините се утврдени на ниво од 50 отсто од утврдените потреби за суровини на домашната индустрија, од страна на Стопанската комора на Република Македонија, Групацијата за производство на месо и преработки од месо, врз основа на фактурираната и наплатена реализација во претходната година, се наведува во соопштението.
Со оваа предлог одлука се очекува да се зголеми конкурентноста на домашната индустрија на преработки од месо, а со тоа да се зголеми производството и извозот на преработки од месо и да се зголеми бројот на вработени во домашната индустрија за месо.