Владата на денешната седница ја дополни Уредбата за примена на Законот за градење за време на вонредна состојба со која се продолжува рокот на важење на одобренијата за градење кој е истечен за времетраењето на вонредната состојба.
Владата на оваа седница ја прифати информацијата на Министерството за труд и социјална политика со предлог реализацијата на Проектот за користење бесплатна услуга одмор и рекреација на деца од семејства во социјален ризик и деца корисници на посебен додаток да се одложи, односно проектот да не се реализира за лето 2020 година.
Исто така, Владата го прифати усогласениот текст на Протоколот за донација и Анексот кон Протоколот меѓу министерствата за одбрана на Македонија и Норвешка и ја овласти министерка Радмила Шекеринска да го потпише протоколот, кој освен мобилната болница ROLE 2 MTF на Армијата, вклучува и финансиски средства во висина од 200.000 евра за потрошен медицински материјал.