489
Владата го осудува говорот на омраза низ социјалните мрежи кон граѓаните на Грција кои настрадаа во пожарите во предрградието на Атина.
-Го осудуваме секој говор на омраза на социјалните мрежи поврзан со трагичните настани во Атина. Македонија како држава има механизми како да се бори против говор на омраза. Уште еднаш изразуваме жалење за настраданите. Говор на омраза, ксенофобија, повици на насилство и фашизам се неприфатливи за Македонија, како демократска земја на патот кон ЕУ – изјави денеска владиниот портпарол, Миле Бошњаковски.