Заев нема да бара оставки од Ласкова и Анѓушев, Бошњаковски вели дека јавниот интерес е заштитен

by fokus

На новинарско прашање дали ќе бидат побарани оставки од вицепремиерот, Кочо Анѓушев, и советничката на премиерот, Цветанка Ласкова, во врска со скандалот со грантовите на Фондот за иновации, портпаролот на Владата, Миле Бошњаковски, на денешната прес конференција изјави дека останува на она што го кажа директорот на Фондот, Јован Деспотовски. Тој вчера побара од фирмите во рок од 15 дена да се изјаснат дали во нивната сопственичка структура има јавни функционери, или нивни роднини.

-Ставовите на Деспотовски се идентични со ставовите на Владата. Јавниот интерес е заштитен, премиерот повика да се испитаат сите случаи што и како се случила. Доколку се утврдат неправилности секој ќе одговара согласно законските прописи и процедури – рече тој.

Во врска со лидерските средби Бошњаковски ги повтори изјавите на премиерот дека во никој случај нема да биде прифатена амнестија, директна или индиректна.

-Не постои никаква можност за амнестија за случаите за кои веќе се води постапка, а кои произлегоа од бомбите – посочи тој.

Поврзани новости