Владата ја констатираше оставката на Ден Дончев

by fokus

Владата на денешната седница ја констатираше оставката која ја поднесе Ден Дончев  од директорското место во Фондот за здравство.

Дончев седна на директорската фотеља во ФЗОМ во 2017 година, како дел од владината коалиција ВМРО за Македонија, каде беше и носител на листата во првата изборна единица.

Тој пред три години во интервју за „Фокус“ тврдеше дека фирмата на кумот на Никола Груевски увезувала фалсификувани лекови од Турција.

„Турската полиција уште пред две години предупредила за подземни капацитети во Турција што произведуваат лекови за македонскиот пазар. Овие лекови, произведени од сомнителен извор, а спакувани во амбалажи од оригинаторите, доаѓаат во Македонија преку т.н. паралелен увоз. Уште пострашно, доаѓаат без каков било сертификат за квалитет затоа што законската одредба е укината во 2013 година. Овие шокантни наводи за паралелниот увоз на лекови ги изнесува директорот на Фондот за здравство, Ден Дончев, во ексклузивното интервју за „Фокус“.

Поврзани новости