Владата издвои 46 милиони денари за 6 капитални проекти

by Фокус

Владата на вечерашната седница донесе одлука за распределба на средства обезбедени за капитални дотации во единиците на локалната самоуправа од Буџетот на Министерството за транспорт и врски во износ од 46 милиони денари за реализација на повеќе проекти.

Како што информира владината прес-служба, се работи за изградба на водоснабдителен систем во Мала Речица од 6.170.000 денари, за изградба на канализација за Бурови Варим Бојанов Дол од 6.000.000 денари, за градби во Охрид од 6.000.000 денари, за изградба на канализациска мрежа во Фурка од 5.000.000 денари, за изградба на канализација во Општина Демир Капија за 2.000.000 денари и за изградба на канализација во Општина Сарај од 10.000.000 денари.

Владата донесе Одлука и за одобрување средства од Буџетот во износ од 144.260.50 денари на 89 јавни комунални претпријатија членки на АДКОМ – Здружение на даватели на комунални услуги за Република Северна Македонија, како мерка од Програмата за справување со Ковид–19 кризата, како еднократна финансиска помош со цел надминување на тешката материјална состојба на вработените во претпријатијата, членки на АДКОМ.

Поврзани новости