Владата им ги врати спортските сали на општините

by Фокус
Владата на вчерашната седница донесе одлука спортската сала и другите спортски објекти да и бидат вратени на општина Куманово како и други спортски сали и објекти од неколку други општини.
Со овие одлуки, спортските сали се враќаат во владение и на управување на општините и стануваат поблиску до граѓаните и до спортските клубови во локалните заедници со што се отвораат можностите и потенцијалите за нивна поголема искористеност и за развој на спортот и физичката култура“, се вели во соопштението.
Претходно и локалната власт информираше дека благодарение на позитивната волја на Владата, општината ќе си ги врати под управување градскиот стадион, стрелиштето, спортската сала и комплексот Соколана.

Поврзани новости