ВМРО-ДПМНЕ: Наместо да го истражи, Спасовски бил во постојана комуникација со Боки 13

by Фокус

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски знаел дека Бојан Јовановски – Боки 13 дека се расфрла со нелегални пари и ништо не преземал наместо да го истражи криминалот, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Сите гледаа дека Спасовски беше во постојано друштво и соработуваше со Боки 13, додека тој вршеше милионски „Рекет“ низ државата. На вчерашното рочиште се потврди тоа. Иако бил во постојано комуникација со Боки 13, Русковска не го повика на распит и чекаше јавноста да дознае за неговиот однос со Боки 13 од сведочење на жртва во случајот“, соопштија од ВМРО-ДПМНЕ.

Од таму додаваат дека Спасовски со намера се зближил со Боки 13, при што, велат од таму, тие во тој период свесно ја промовирале нивната блискост за да се стекне впечаток дека Спасовски ја има медиумската поддршка на Боки 13, а Боки 13 ја има полициската поддршка на Спасовски.

„Оливер Спасовски нема кредибилитет да биде министер повеќе. Оливер Спасовски треба да одговара за неговата улога во „Рекет“. Сите злоупотреби ќе се истражат и откријат, а одговорност ќе има после 12 април откако ликови како Зоран Заев и Оливер Спасовски ќе бидат поразени и нивниот „рекет” систем ќе замине во историјата“, се вели во реакцијата на опозициската партија.

Поврзани новости