498
Владата на Република Македонија на денешната 65-та седница на предлог на Министерството за култура ја усвои предлог програмата за користење на средства за изградба на спомен обележје на Тодор Проески во Крушево со која средствата обезбедени во буџетот се префрлуваат на општина Крушево.
Освен ова, министрите разгледаа информација за прогрес на реализација на акцискиот план за пристапни рампи за лицата со инвалидност, како и информацијата предложена од Министерството за информатичко општество и администрација за статусот на реализација на Националниот Акциски план за Отворено владино партнерство 2016-2018 година.