Владата го утврди Предлог буџетот за 2021: Вкупно 17.2 милиони евра за 400 компании

by Fokus

Владата синоќа во рамки на 19-тата седница го утврди Предлог-буџетот на Република Северна Македонија за 2021 година, како и Предлог-законот за извршување на Буџетот за 2021 година, кои ќе бидат доставени во Собранието, соопшти владината прес-служба.

Детали за предложениот буџет за наредната година ќе соопштат премиерот Зоран Заев и министерот за финансии Фатмир Бесими на прес-конференција во Владата во 14 часот.

-Вкупно, 17, 2 милиони евра, средства кои се дел од третиот пакет мерки, наменети за опоравување на домашната економија за време на здравствено-економската криза ќе ги добијат 400 компании, со цел амортизирање на ударот врз домашните погодени бизниси преку стимулирање на приватната потрошувачка со фокус на домашната понуда, директна финансиска поддршка и поддршка за ликвидноста на приватниот сектор и работните места, соопшти владината прес-служба.

Поврзани новости