477
Владата на Република Македонија на вчерашната седница го усвои предлогот за изменување и за дополнување на буџетот на Република Македонија за 2017 година, по завршената амандманска расправа во собраниските комисии.
Со оваа верзија на ребалансот, дополнета со амандмани од пратениците, се определуваат дополнителни 25 милиони денари по одредени ставки и се пренаменуваат пари во согласност со потребите на буџетските корисници, се вели во владиното соопштение.
На седумнаесеттата владина седница биле донесени и заклучоци повразни со организацијата на институционалната прослава на националниот и државен празник 2 Август – Ден на Републиката. Владата определила и членови на организациониот одбор за прослава на државниот празник.