536
Владата го разреши Владимир Кроневски од директорската функција на Јавното претпријатие Службен весник, информираа од владината прес-служба попладнево.
На негово место за в.д. директорката е именувана Кристина Јоакимовска.
Кроневски беше кадар на Демократскиот сојуз (ДС) и ова директорско место беше единственото, кое го имаше партијата како дел од владејачката коалиција.