Од утре, државјани на Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина и Косово ќе биде задолжително да приложат негативен ПЦР-тест на ковид-19 не постар од 72 часа, доколку сакаат да влезат во Северна Македонија, одлучи владата по предлог на Комисијата за заразни болести.
Од Владата, во соопштение по седницата, објаснија дека при влез на граничен премин на територијата на Северна Македонија, од државјани на Србија, Косово, БиХ и Црна Гора ќе се бара задолжително да приложат медицинска потврда со негативен резултат од тест RT PCR SARS-CoV-2 и да приложат пополнета изјава со лични податоци за местото на престојување и временскиот период на престојот.
Препораката што ја усвои изутрина Комисијата за заразни болести е донесена по разгледување на актуелната епидемиолошка состојба во наведените земји и согласно со информациите добиени од медицинските власти во овие земји.