Владата го предложи Марко Бислимовски за претседател на Регулаторна комисија за енергетика

by Fokus

Владата ги предложи Марко Бислимовски за претседател, а Наташа Вељановска, Атанаско Тунески и Куштрим Рамадани за членови на Регулаторната комисија за енергетика. Со донесување на новиот Закон за енергетика му престана мандатот Димитар Петров, досегашниот претседател на ова регулаторно тело.

„Лицата кои Владата како предлог ќе ги испрати до Собранието се избрани на јавен оглас. На огласот аплицирале 13 кандидати, а истиот траел од 8 до 14 овој месец “, соопшти Мухамед Хоџа, портпарол на Владата.

Поврзани новости