Владата го поништи тендерот на ЕЛЕМ

by fokus

На синоќешната осма седница на Владата, беше донесена одлука да се поништи тендерот распишан од страна на директорот на ЕЛЕМ, Христијан Мицковски, пред неколку дена, поради сомневања дека има злоупотреби при распишувањето.

Владата смета дека во распишаниот тендер за ископ на јаловина во вредност од 34 милиони евра има сериозни пропусти.

Нема да има пари ниту за фондациите и здруженијата за кои во предизборниот период претходната Влада одвоила 850 илјади евра од буџетот. Наместо тоа, на седницата е одлучено да се издвојат пари за дополнителни субвенции на производителите на праски со слаб квалитет, во износ од 6 денари по килограм.

 

Поврзани новости