489
Свечениот прием во Владата по повод Денот на албанската азбука, денеска се одржа без превод на македонски јазик, поради што присутните медиуми не можеа да ги разберат обраќањата. Од Владата образложија дека преводот не можел да се изведе од технички причини.
Приемот беше во организација на вицепремиерот задолжен за спроведување на рамковниот договор, Хазби Лика. Денеска се одбележуваат 109 години од битолскиот конгрес на која албанскиот јазик бил кодифициран.
Денот на албанската азбука е неработен ден за Албанците во Македонија.