Јанева очекува најстроги казни за Мијалков и Грујевски

by fokus 16:06
16:06

Специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева, очекува осудителна пресуда и најстроги казни за поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, и за поранешниот началник на петтата управа Горан Грујевски, обвинети во предметот, „Таргет-Тврдина“. Нејзината изјава следи по пресудата на судот за еден од обвинетите во овој предмет, кој призна вина. Судот му додели условна казна.

-Во случајот „Таргет-Тврдина“ е донесена пресуда врз основа на признание. Тоа е правосилна пресуда и едно лице е осудено за кривично дело „помагање на сторител“. Ова не е најсериозно обвинет, бидејќи се знае кои се обвинети во овој случај. Обвинети се Горан Грујевски, Сашо Мијалков и други на кои се надевам дека од страна на судот ќе им бидат одредени највисоки казни – рече Јанева.

- Advertisements -

СЈО не го соопштува идентитетот на обвинетиот кој призна вина.

Фото: МИА

Поврзани новости