Македонската влада одлучи да го номинира Срѓан Керим, поранешен министер за надворешни работи за функцијата Генерален секретар на Организацијата на Обединетите Нации.
Источно Европската Група во ООН на која припаѓа и Република Македонија во ноември 2014 година завзeде заеднички став дека следниот Генерален Секретар на ООН, по основ на системот на ротација, би требало да биде избран од нејзините редови.
– Како резултат на дипломатски консултации и високите оценки за неговото меѓународно искуство, познавање на глобалните светски процеси и квалификации, а особено широкото признание меѓу земјите членки за претседавањето со Генералното собрание на ООН, Владата на Република Македонија оцени дека д-р Срѓан Керим е личност што ги исполнува неопходните услови и критериуми да биде кандидат за функцијата Генерален Секретар на ООН – се наведува во соопштението од Владата.
Тој беше 62-ри Претседател на Генералното собрание на Организацијата на Обединетите Нации