Малчески во отворено писмо бара слобода за Генерал Стојков

by Фокус 14:05
14:05

Поранешниот студентски лидер, Самоил Малчески испрати отворено писмо до претседателот на Основниот суд Скопје 1, Владимир Панчевски во кој бара да се запре прогонот кој му се случува на генералот Горан Стојков, сметајќи дека се работи за политички монтиран случај. Неговото писмо ви го пренсеуваме во целост:

На 16.09.2015 година, т.е. вчера се навршија две години како во притвор го држите Генералот Горан Стојков, столбот на македонската одбрана од 2001 година.

- Advertisements -

Имено Генералот на првостепен суд е осуден во еден смешен и монтиран политички процес наречен “Шпиун”. Смешен и политички монтиран бидејќи како прво во ниеден момент никој не сведочеше дека е оштетен за делото изнуда за кое го теретире, како второ пиштолот за кој го теретите е музејски експонат за кој има валидна документација, како трето за службената опрема за која велите дека е злоупотребена постои вештачење кое го тврди спротивното, и како четврто и последно со ништо не го покажавте и докажавте делото. Сомнежите дека процесот е политички монтиран го поткрепува и тоа што целата одбрана на Генералот и сите аргументи и докази кои ги приложи се буквално избришани од пресудата.

Првичната одлука на Основниот суд е обжалена пред Апелациониот суд во Скопје и тука сакам да напоменам дека одамна е поминат рокот од 60 дена за одговор по жалбата.

Почитувани, со оглед на фактот дека се поминати сите можни законски рокови Ве повикувам да се одважите и да го прекинете прогонот кој му се случува на Генералот Горан Стојков. Историјата ги памти бунтовниците, а не гордите послушници.

Ве повикувам да постапите согласно позитивните законски прописи и соглаедувајќи ги фактите, после две години притвор без ниеден доказ да донесете одлука со која ќе му ја укините мерката притвор на Генералот Горан Стојков.

Воедно ова е битно за вас бидејќи случајот Шпион е една од необјавените бомби кои деновиве треба да се најдат пред
Специјалниот обвинител, па оттука се поочигледно е дека и вие може да се најдете онаму каде што две години без ниеден доказ го држите Генералот. Искрено се надевам дека ќе постапите разум и нема да дозволите да ви се случи тоа.

Поврзани новости