Владата во следната година ќе ги зголеми средствата за плати во споредба со тековната година. Според предлог-буџетот за 2018 година, владата за плати предвидела околу 440 милиони евра, што е ѕа 7,5 милиони евра во споредба со 2017 година.
Инаку, тоа е резултат на зголемувањето на платите во неколку сектори во администрацијата, како во здравството 5 проценти, но и на нови вработувања во градинките и други институции.
Од Министерството за труд и социјална политика посочуваат оти станува збор ѕа 200 вработувања, кои се прв чекор кон надминување на огромниот недостаток на кадар во градинките, каде, според Министерството, потребни се 2.000 вработувања.
Од друга страна, пак, додека владата ги зголемување средствата предвидени за плати во јавниот сектор, предвидела помалку пари за субвенции во земјоделството отколку што вети во изборната програма.
Поточно, владата за следната 2018 година предвидела околу 136 милиони ѕа субвенции, а пред парлментарните избори вети субвенции во висина од 160 милиони евра.
Од надлежната платежна агенција објаснуваат дека прагот од 160 милиони евра не бил најавен за следната година, туку дека етапно ќе се достигне до крајот на мандатот на оваа влада, кој, доколку нема предвремени парламентарни избори, навршува во 2021 година.