Беџети: Можен е попис во 2021 ако има доверба меѓу коалициските партнери

by Фокус

Најавата дека во 2021-та година ќе има попис на населението е реална, но за да не потфрли операцијата како во 2011 година, потребна е доверба помеѓу партнерите во коалицијата, вели во изјава за АлсатМ академикот Абдулменаф Беџети, кој е поранешен потпретседател на Државната пописна комисија.

-Политичкиот систем на Македонија стои врз основа на бројки, значи правата на втората етничка заедница и другите се реализираат врз основа на бројки, а бројките резултираат од попис. Значи, ова не е само статистичка операција туку е и политичка – рече Беџети.

Според него, треба да се направи некоја онлајн – апликација за попис, со цел да не останат надвор од регистарот граѓани кои привремено работат и престојуваат во странство.

-Ако куќата е затворена и целото семејство е во Германија, тие ќе ја направат апликацијата од далечина. Имајќи ја дата – базата со себе, Комисијата ќе оди и ќе потврди дали адресата постои. Значи, да потврди дали престојот е реален или имагинарен, да не ни излезат како тие престои од Пустец со по 40 лица во еден стан – објаснува Беџети.

Поврзани новости