Комисија за образование и наука на ВМРО-ДПМНЕ на својот фејсбук профил пишува дека Владата и Министерството за образование и наука ги укинале стипендиите на македонските граѓани кои ќе успеат да се запишат на најдобрите 100 светски универзитети.
„Министерството за образование и наука предводено од кадар на ДУИ одлучи да ги укине стипендиите за македонските граѓани кои ќе успеат да се запишат на додипломски, магистерски или докторски студии на некој од најдобрите 100 светски универзитети според Шангајската листа.
Мерка која беше воведена од ВМРО-ДПМНЕ уште пред повеќе од 10 години и која беше одлична можност за стекнување знаења и искуства од најдобрите професори во светот и нивно пренесување во сопствената земја. Отсега, таа можност, за жал, новите генерации нема да ја имаат, а причината за нејзино укинување, не е објаснета“, наведуваат од опозициската партија.