Владата ги продолжува роковите за легализација на објекти

by Fokus

Владата на денешната седница го усвои Предлогот на Министерството за транспорт и врски за измени и дополнувања на Законот за постапување со бесправно изградени објекти со што на граѓаните им се даде повеќе време за прибирање на потребната документација за легализирање на објекти, рече министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески.

Според измените на Законот за легализација, започнувајќи од први јануари 2018-та година граѓаните ќе имаат 12 месеци да ги докомплетираат потребните документи за легализација. Овој закон важи само за објектите изградени до 3 март 2011-та година.

По анализата, Министерството за транспорт и врски утврди дека во Македонија во процес на легализирање се 186 илјади објекти кои граѓаните од различни причини не успеале да ги легализираат, вели Сугарески.

Поврзани новости