352
Владата одлучила да бидат поништени сите одлуки на министрите за внатрешни работи и за труд и социјала, Оливер Спасовски и Фросина Ременски, бидејќи, како што соопштија од Илинденска, тие биле противзаконски и еднострано донесени правни акти па затоа се враќа првобитната состојба во овие ресори.
„При носењето на овие еднострани и противзаконски акти министрите не ги почитувале законите, односно не ги донеле овие акти во согласност со дополнителниот заменик министер, не ги консултирале дополнителните заменици министри и на овие акти нема потпис од дополнителниот заменик министер, од што произлегува дека тие акти се незаконски донесени и се спротивни на Законот за Владата“ стои во соопштението.