Владата ги изедначува условите за домашните и странските инвеститори во ТИРЗ зоните

by fokus

Владата на Република Македонија усвои информација со која се изедначуваат условите за инвестирање на домашните и странските инвеститори и ќе важи еднакво за сите инвеститори во ТИРЗ зоните и надвор од нив. Станува збор за информација која што се усвои за потребата од донесување на Мерки на индустриска политика за поттикнување на инвестициите и конкурентноста на македонската економија, во рамките на Планот за економски раст.

Заменик претседателот на владата задолжен за економски прашања и координација со економските ресори, Кочо Анѓушев истакна дека станува збор за активности во рамките на „Планот за економски раст“ на кој Владата неколку месеци работеше во консултација и низ дебата со сите економски чинители во општеството.

Владата го задолжи Кабинетот на Заменик претседател задолжен за економски прашања и координација на економски ресори, да формира Работна група за подготовка на закон со кој системски ќе се уредат прашањата за начинот и постапката за реализација на мерките за индустриска политика за поттикнување на инвестициите и конкурентноста на македонската економија.

Поврзани новости