Владата формира работен комитет за интеграција на Република Македонија во НАТО

by fokus

Владата на денешната седница ја разгледала и ја усвоила Информацијата за елементите од пристапните разговори за членство во НАТО, кон кои Република Македонија треба да се приклучи на 18 и 19 октомври 2018 година, во седиштето на Алијансата во Брисел.

Како што се наведува во соопштението, исто така, Владата ја разгледа и ја усвои Информацијата за формирање Работен комитет за интеграција на Република Македонија во НАТО.

Членовите на Работниот комитет за интеграција на Република Македонија во НАТО се задолжени да ги спроведат пристапните разговори на Република Македонија во седиштетото на НАТО во Брисел, се наведува во соопштението од владината прес-служба.

Поврзани новости