Владата на синоќешната 68. седница ја донесе Уредбата со законска сила за прашања поврзани со изборите за пратеници во Собранието на Република Северна Македонија на 15 јули 2020 година, соопшти владината прес-служба.
Во Член 1 на Уредбата стои дека со неа се уредуваат прашања поврзани со изборите за пратеници во Собранието на Република Северна Македонија на 15 јули 2020 година и се уредува примената на одредби на Изборниот законик („Службен весник на Република Македонија“ бр. 40/06, 136/08, 148/08, 155/08, 163/08, 44/11, 51/11, 54/11, 142/12, 31/13, 34/13, 14/14, 30/14, 196/15, 35/16, 97/16, 99/16, 136/16, 142/16, 67/17, 125/17, 35/18, 99/18, 208/18, 27/19 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 98/19 и 42/20), како и прашања за примена на одредби од други закони кои се однесуваат на изборниот процес.
На изборите за пратеници во Собранието, закажани за 15 јули 2020 година се применуваат одредбите од Изборниот законик, освен за оние дејствија за кои со оваа уредба со законска сила не е поинаку уредено.