Владата донесе одлука за еколошка такса

by fokus

Владата денеска го утврди текстот на Предлог-законот за изменување на законот за животна средина, со кој се предвидува зголемување на еколошката такса.

-Еколошката такса е наш одговор за грижата за животната средина и на повикот на граѓаните да преземеме мерки во однос на ова важно прашање, и затоа сите пари прибрани од оваа такса ќе одат во Еколошкиот фонд кој ќе ја помогне праведната транзиција од фосилните кон енергенсите од обновливи извори на енергија – истакна Заев на Телма.

Тој објасни дека граѓаните и стопанствениците не треба да бидат загрижени дека оваа мерка ќе ги зголеми цените на моторните горива.

-Оваа мерка никој не би ја донел во време на изборна година и треба граѓаните да знаат дека влијанието на оваа мерка нема да биде поголема од 0,07 отсто. Со падот на цената на нафтата на светските берзи се анулира висината на акцизата од 3 денари која ја воведовме заради ублажување на последиците од КОВИД-19 и со тоа навистина не се очекува поголемо влијание на цената заради еколошката такса – рече Заев.

Поврзани новости